More

    Одбележана 66 годишнината од раѓањето на Борис Трајковски

    spot_img

    Со полагање цвеќе и пригодна програма пред споменикот „Македонија“, подигнат во чест на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски, денеска беше одбележана 66 годишнината од неговото раѓање.

    Цвеќе положија градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, заедно со претставници на Советот на општината, членови на семејството Трајковски, граѓани, политички партии и здруженија.
    – Да не се случеше злокобната авионска несреќа на 26 февруари 2004 година, денеска Трајковски ќе го прославеше својот 66 роденден. За жал, чествувајќи го неговото име и дело, веќе цели 18 години овој ден го одбележуваме ние-неговите сограѓани, кажувајќи му на светов и веков дека за претседателот Трајковски заборав не смее да има. Напротив, постојано го оживуваме неговиот светол лик, затоа што тој заслужи да го споменуваме со сите негови белези на човек и политичар, а истовремено тие спомени да ги пренесуваме на сегашните млади генерации, но и на оние кои доаѓаат по нив – рече во својот говор градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

    Вториот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски, е роден на 25 јуни 1956 во селото Моноспитово. Тој е близнак со брат му Александар и е трето дете во семејството.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img