Гутереш предупреди за сѐ поголемиот недостиг на храна

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Светот се соочува со „катастрофа“ поради сè поголемиот недостиг од храна, нагласи денеска преку видео линк генералниот секретар на Обединетите Нации (ОН), Антонио Гутереш, за време на состанокот на Г7, економски најразвиените земји, во Берлин.

Тој го наведе конфликтот во Украина како дополнително нарушување на глобалното снабдување со храна, што веќе било загрозено со климатските промени, пандемијата од Ковид-19 и големите економски разлики меѓу земјите и создал „невидена глобална криза од глад“ што веќе погодува стотини милиони лица.

– Постои реален ризик во 2022 година на повеќе места во светот да биде прогласена глад, а 2023 може да биде уште полоша – подвлече Гутереш.

Според него, жетвите во Азија, Африка, Америка ќе бидат погодени затоа што земјоделците во светот се обидуваат да се изборат со растечките цени на ѓубривата и на енергијата.

– Годинешните проблеми со пристапот кон храна може да станат глобален недостиг од храна наредните години. Ниту една земја нема да биде имуна на социјалните и економските последици на таква катастрофа – истакна Гутереш.

Тој информираше за работењето на преговарачкиот тим на ОН на договор, со што од Украина ќе се овозможи извоз на храна, вклучувајќи и транспорт преку Црното Море, а ќе се дозволи и Русија да ги пласира прехранбените производи и ѓубривото на светските пазари без ограничување.

Генералниот секретар на ОН повика да се воведат олеснувања за сиромашните земји кога станува збор за нивниот долг, со цел да им се помогне да ја одржат економијата. Тој апелираше приватниот сектор да помогне да се стабилизираат глобалните пазари за храна.

За домаќинката на состанокот во Берлин, германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок, тврдењата на Москва дека воведените санкции од Западот против Русија се причина за недостигот од храна, се „целосно неодржливи“.

– Русија во мај и јуни годинава извезе исто толку пченица, колку и во тие месеци во 2021 година – додаде Бербок.

- Advertisement -
Ad image

Таа ги повтори тврдењата на Гутереш, дека неколку фактори играат улога во растечката криза со глад низ светот, а дејствувањето на руската војска во Украина „тој бран го претвори во цунами“.

Share This Article