Експлозивната направа била фрлена синоќа околу 22.45 часот на електродистрибутивен објект во северниот дел на Косовска Митровица, потврди косовската полиција, а пренесува Приштина Коха.
Регионалниот директор на косовската полиција Бесим Хоти изјави дека нема повредени, а причинета е материјална штета.
Хоти рече дека првично се сомневало дека има пожар од висок напон, но истрагата утврдила дека нападот се случил бидејќи, како што наведе, биле оштетени автомобилите во околината, пишува Коха.
Белград и Приштина во вторникот во Брисел потпишаа патоказ за имплементација на енергетските договори постигнати во текот на 2013 и 2015 година, чија една од точките ја обврзува Косовската регулаторна канцеларија за енергетика да му издаде лиценца на „Електросевер“.