„Ѓоковиќ секогаш е фаворит, но Рафа може да освои се“

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Првиот тенисер во светот Данил Медведев нема да учествува на Вимблдон, но будно ќе ги следи случувањата од третиот Грен слем турнир во сезоната.

Медведев смета дека Новак Ѓоковиќ е фаворит на лондонската трева, а работата на Србинот сигурно ќе биде нешто полесна бидејќи на ждрепката нема да има руски (и белоруски) претставници на кои организаторите им забранија да дојдат во Велика Британија.

„Ѓоковиќ секогаш е фаворит. Тој ги освои последните три Вимблдони. Тој е многу добар во игра на трева. Секако, Надал може да го освои апсолутно секој турнир на кој настапува. Мора да се истакне и Беретини, кој во последно време игра на високо ниво“, изјави Медведев за Диарио де Мајорка.

Русинот во четвртокот беше поразен од Роберт Баутиста Агут со 6:3, 6:2 во четвртфиналето на турнирот од серијата 250 во Мајорка, а по кратка пауза се очекува да ја продолжи сезоната на тврда подлога.

Медведев е пријавен за турнирот во Лос Кабос од 1 до 6 август.

Ждрепката за најпрестижниот турнир во светот е денеска во 11 часот, а сите натпревари од Вимблдон ќе можете да ги следите на каналите на Sport Club.

Share This Article