More

    Петков го прозва Радев

    spot_img

    Премиерот на Бугарија Кирил Петков упати критика до претседателот Румен Радев за неговиот став за т.н. француски предлог за укинување на бугарското вето за членство на Македонија во Европската Унија.

    – Ако си претседател на лице место, се јавуваш во Советот за национална безбедност, ги повикуваш сите служби, ги повикуваш сите партии, седнуваме, дискутираме, излегуваме. Ама не, пак! Или владата или премиерот. Паднаа маските. Уморен сум од кукавици – рече Петков.

    Петков е во Брисел на средба на шефовите на влади на земјите членки на ЕУ. Според него, „темата за Северна Македонија била маглата која се спуштила во јавниот простор само со една цел „да ја потресе власта и да украдат милијарди“.

    Петков, на кого вчера Народното собрание во Софија му изгласа недоверба, ја коментираше и изјавата на поранешниот премиер и лидер на опозициската партија ГЕРБ, Бојко Борисов дека пратениците на неговата партија се подготвени да влезат во салата и да гласаат за францускиот предлог доколку Советот на министри го достави.

    – Не можете да излезете наутро и да се удирате во гради дека ќе направите нешто, а попладне да ја блокирате комисијата [за надворешна политика]. Ова е апсолутна политичка подлост. Ако толку се удирате во гради, одете денес во Комисијата и направете кворум – рече Петков.

    Тој додаде дека му се допаѓа францускиот предлог.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img