Лидерите на Групата седум најбогати економии и НАТО следната недела ќе поработат на зголемувањето на притисокот врз Русија поради нејзината војна во Украина

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Лидерите на Групата седум најбогати економии и НАТО следната недела ќе поработат на зголемувањето на притисокот врз Русија поради нејзината војна во Украина, нагласувајќи ја нивната континуирана загриженост за Кина, изјавија во средата високи американски претставници.

Претседателот Џо Бајден в сабота заминува за јужна Германија за да се сретне со другите лидери на самитот на Г7, пред да замине за Мадрид на самитот каде НАТО ќе се договори за новите сили, а Вашингтон ќе објави чекори за зајакнување на европската безбедност.

Вклучувањето, за првпат, на лидерите од Австралија, Јапонија, Јужна Кореја и Нов Зеланд на самитот на НАТО има за цел да покаже дека војната во Украина не го намалила фокусот на западните земји кон Кина, велат официјални лица.
Од лидерите на Г7 се очекува да се осврнат и на „присилните економски практики“ на Кина, кои станаа уште поагресивни во последниве години, рече еден официјален претставник.

-Руската војна против Украина ги поттикна нашите партнерства ширум светот, рече друг претставник. „Тоа исто така покажува дека Украина не нè принудува да го тргнеме погледот од Кина. Всушност, сосема спротивното“.

Всушност, новиот стратешки концепт поддржан од лидерите на НАТО ќе се однесува на заканите што ги претставуваат и Русија и Кина, рече претставникот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе зборува виртуелно на двата состаноци, образложувајќи го неговиот борбен план и безбедносната помош што ѝ е потребна на неговата земја за да го спроведе, соопштија американски официјални лица.

Share This Article