На граничниот премин Ќафасан, на албанско-македонската граница кај Струга, уапсени се седум лица кои дозволиле или вршеле шверц на стока набавена во Македонија.
„Притворени се двајца полициски службеници, двајца цариници и три лица жители на пограничниот град Либражд, за злоупотреба на службената положба, корупција и шверц. По добиени сознанија дека се дозволува минување на стока од македонска на албанска страна избегнувајќи ги царинските давачки, спроведената истрага која го потврдила тоа“, информира албанската полиција.
Како материјален доказ се одземени три возила, девет мобилни телефони, одредена количина парични средства нелегално стекнати нелегално од корупција на работно место, значителна количина разновидна храна и пијалаци, како и друга стока.
Поради пониските цени на прехранбените и други производи, како и горивото, голем број албански граѓани, но и тамошни трговци од пограничните населени места, на големо вршат набавка во Дебар, Струга, Охрид и Ресен.