More

    Италијанскиот стратег го продолжи договорот со Интер

    spot_img

    Италијанскиот фудбалски вицешампион Интер објави денеска дека го продолжил договорот со тренерот Симоне Инзаги (46) до лето 2024 година.

    Инзаги седна на клупата на прволигашот од Милано пред една година на местото на Антонио Конте, откако пет сезони беше тренер на Лацио. Минатото лето Инзаги потпиша двегодишен договор, кој денеска беше продолжен за уште една сезона.

    Во својата прва сезона на клупата на „црно – сините“ Инзаги не успеа да ја одбрани шампионската титула, заостанувајќи на крајот два бода зад градскиот ривал Милан, но го освои италијанскиот куп и дојде до осминафиналето во Лигата на шампиони, што беше прв таков успех за Интер во елитното натпреварување по пауза од десет години.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img