Легендарниот фудбалер мора да оди на суд! Гигс поднесе неотповиклива оставка

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Легендарниот поранешен велшки репрезентативец и играч на Манчестер Јунајтед, 48-годишниот фудбалски тренер Рајан Гигс во понеделникот поднесе неотповиклива оставка од функцијата селектор на репрезентацијата на Велс, објави Би-Би-Си.

Гигс ја имаше таа позиција до ноември 2020 година, кога беше уапсен, а подоцна обвинет за насилно однесување и физички напад врз неговата поранешна партнерка Кејт Гревил. Велшкиот тренер отфрли се за што беше обвинет.

Откако Гигс привремено поднесе оставка од селекторската функција, Роберт Пејџ го презеде раководството на репрезентацијата и ги однесе велшките фудбалери на Светското првенство во Катар. Репрезентацијата на Велс првпат по 1958 година ќе игра на завршниот турнир на Светското првенство.

Судскиот процес против Гигс ќе започне на 8 август, а легендарниот велшки напаѓач реши да се повлече за процесот да не ги наруши подготовките на репрезентацијата за настапот во Катар.

Share This Article