Марио Геце го постигна единствениот гол во финалето на Светското првенство во 2014 година и сега е на прагот да се врати во Бундеслигата.
Геце е член на ПСВ со кој има договор до 2024 година, но може да го напушти клубот доколку некој понуди четири милиони евра.
Ова го реши победникот на Лига Европа Ајнтрахт од Франкфурт.
За него интерес покажаа и Бенфика и Интер од Мајами, но Германецот реши да се врати во Бундеслигата.
30-годишниот играч од средниот ред играше за Борусија Дортмунд, Баерн и ПСВ.
Светот го памети по голот на Аргентина за титулата на Германија на Светското првенство во Бразил 2014 година.