22 годишно момче од Македонија се удави вчера на плажата Утјеха, помеѓу Бар и Улцињ

Lorita
By Lorita 0 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

22 годишно момче од Македонија се удави вчера на плажата Утјеха, помеѓу Бар и Улцињ, објави агенцијата СРНА.

Момчето се удавило околу 18 часот. На телото немало траги на насилство, а дополнително треба да се утврди причината за смртта. Обвинителот ќе нареди обдукција, објавија црногорските медиуми.

Според објавите во локалните медиуми, момчето требало да работи како сезонски работник во Црна Гора.

Share This Article