Ковачевски вели нашите сојузници стојат зад нас

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Премиерот Димитар Ковачевски, покрај учеството во активностите на официјалната програма на Минхенската безбедносна конференција, на маргините на настанот на кој учествуваат повеќе од 30 шефови на држави и влади, како и голем број министри и претставници на меѓународни организации и мултилатерални асоцијации, се сретна и размени мислења со повеќе високи претставници на земјите учеснички на конференцијата.

Како што информира владината прес-служба, премиерот Ковачевски, заедно со претседателот на Владата на Република Бугарија, Кирил Петков имал срдечна средба со државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Ентони Блинкен за време на обраќањето на потпретседателката на САД, Камала Харис.

Во разговорот државниот секретар Блинкен ја изразил својата целосна поддршка за дијалогот и пријателството меѓу Северна Македонија и Бугарија и ја сподели својата искрена желба да не види заедно во ЕУ. Блинкен истакна дека САД останува наш посветен партнер во надминувањето на предизвиците.

На конференцијата во Минхен, премиерот Ковачевски се сретнал и со премиерот на Обединетото Кралство, со кој заеднички оцениле дека сојузништвото во НАТО е силен влог за безбедноста и стабилноста на Европа.

За време на средбата премиерот Борис Џонсон истакнал дека како наш стратешки партнер во евроинтеграциските процеси, Обединетото Кралство ќе продолжи со силна меѓународна поддршка и му честитал на премиерот Ковачевски за сите заложби на Владата на Северна Македонија за спроведување конструктивен дијалог со Софија кој ќе ни овозможи исполнување на нашите стратешки цели за интеграција во ЕУ.

Претседателот на Владата, Ковачевски на Минхенската безбедносна конференција се сретнал со претставничката на Мичиген во конгресот на САД Елиса Слоткин.

– Како голем пријател на Северна Македонија, конгресменката Слоткин минатата година со задоволство прифати да се приклучи конгресната група за пријателство со Северна Македонија, кое дојде после нејзината исклучителна активност за членството на нашата земја во НАТО. На средбата со премиерот Ковачевски, Слоткин истакна дека останува силен глас во поддршката за нашата земја во заедничките мисии за мир и безбедност со САД како сојузници во НАТО – се вели во соопштението од Владата.

Во него се додава дека за одличната соработка со Баварија која ја имаме преку заедничката, меѓувладина комисија, на конференцијата во Минхен, премиерот Ковачевски разговарал со државната министерка за европски прашања и меѓународни односи на Баварија, Мелани Хумл.

Во фокусот на разговорот било зајакнувањето на економската соработка со поврзување на стопанските комори и за соработка во други области, како и подготвеноста на Баварија да помогне во реформите на правосудството, борбата против корупцијата и во неопходната помош на нашиот пат кон ЕУ.

- Advertisement -
Ad image

Премиерот Ковачевски во Минхен се сретнал и со генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка, Мајлинда Брегу.

Во разговорот со Брегу, Ковачевски нагласил дека Северна Македонија останува посветена на регионалната соработка и на реализација на сите иницијативи и процеси во рамките на Берлинскиот процес, и дека иницијативата „Отворен Балкан“, како нов импулс е комплементарна на овие процеси и дополнително ја мотивира регионалната соработка.

Share This Article
Leave a Comment

Leave a Reply