More

    На Русија потребна ѝ е вакцина против мајмунски сипаници, бидејќи расте бројот на случаи во светот

    spot_img

    На Русија потребна ѝ е вакцина против мајмунски сипаници, бидејќи расте бројот на случаи во светот, изјави   директорот на националниот институт за епидемиологија и микробиологија Гамалеја, Александар Гинтсбург.

    – Денес никој не може да објасни зошто оваа инфекција, што беше ендемска за африканскиот континент, се шири низ светот без очигледна причина. Јас стравувам дека не може да се објасни само со нетрадиционалните сексуални контакти. Бројот на потврдени случаи расте од ден за ден – смета Гинтсбург.

    Тој ја даде изјавата денеска на маргините на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.

    Според генералниот директор на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус, потврдени се над 1.600 случаи на мајмунски сипаници, а сомнителни се 1.500 во 39 земји во светот. Претходно болеста ја немало во 32 земји.

    Руската санитарна служба на 8 јуни информираше дека во земјата нема регистрирано ниту еден случај на мајмунски сипаници

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img