Албанската полиција во Драч запленила 45,5 килограми кокаин, чија крајна дестинација била Македонија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Албанската полиција синоќа, во пристанишниот град Драч запленила 45,5 килограми кокаин, чија крајна дестинација била Македонија.

„Дрогата, пакувана во 40 пакетчиња, беше откриена при детална контрола во контејнер натоварен во Бразил, со пилешко месо,  на сметка на трговски субјект од Северна Македонија“, наведено е во полициското соопштение.

Како што може да се види од фотографиите кои ги објави полицијата, пакетчињата со кокаинот се завиткани со фотографии од анимираниот филм „Драгон бол”.

Надлежните почнаа со истражни дејствија со цел документирање на случајот, идентификација и откривање на лицата вмешани во ова кривично дело.

Кон крајот на минатиот месец, исто така во Драч полицијата заплени 59 килограми кокаин во бродот „Unistream” од Колумбија натоварен со јаглен.

Share This Article