More

    Игор Радев го преведе Менциј на македонски јазик

    spot_img

    В петок, на 17 јуни, со почеток во 19:19 часот, во Салонот 19,19 при Културно-информативниот центар (КИЦ) во Скопје ќе биде промовирана книгата од областа на старата кинеска филозофија, во превод од старокинески јазик и со предговор и белешки на Игор Радев, доктор по старокинеска филологија.

    Книгата, која е издание на „Македоника литера“, ќе ја промовира проф. д-р Ристо Солунчев. За местото на Менциј во класичната кинеска филозофија ќе зборува д-р Игор Радев.

    Менциј првпат интегрално се објавува на македонски јазик, со предговор, коментари и во превод од старокинески на д-р Игор Радев. Предговорот, всушност, претставува обемна и пристапна студија, во која се обработени мислата на Менциј и историскиот контекст на настанокот на делото на Менциј. Делата на Менциј се напишани во седум книги, во вид на дијалози, а сите тие се собрани во една книга епонимно наречена по авторот – „Менциј“, а првпат интегрално се објавени на македонски јазик. „Македоника литера“ претходно ги има објавено „Лун Ји (Беседи и мислења)“ на Конфучиј (познати и како „Аналектите“ или „Изреченија“), „Тао Те Кинг“ на Лао Це и „Безгрижно талкање“ на Чуанг Це.

    Менциј (Мѐнг Ци̌’; 372 – 289 п. н. е.) е еден од стожерните филозофи во кинеската историја, чиешто дело претставува вододелница во интелектуалниот живот на оваа земја. Живеел во преодот од IV и III век пред Христа, кога Кина се наоѓала поделена на многу мали држави, кои честопати биле во конфликт. Во таквите околности, дошло и до заживување на философската мисла, кога разни филозофи, коишто претставувале различни интелектуални школи влегувале во остри полемики меѓу себе.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img