More

    Новото истражување покажа дека човечкиот мозок се загрева повеќе отколку што се мислеше

    spot_img

    Од моторот во вашиот автомобил до компонентите во вашиот компјутер, механичките системи секогаш се загреваат кога работат понапорно. Новото истражување покажа дека истото може да се каже и за вашиот мозок.

    Некои делови од мозокот можат да достигнат температури до 40 степени, покажува новото истражување, иако таа варира во зависност од полот, возраста и други фактори. За споредба, просечната орална температура во човечкото тело е обично пониска од 37 степени.

    „Бев изненаден од откритието на нашата студија дека здравиот човечки мозок може да достигне температури што ќе бидат дијагностицирани како треска на кое било друго место во телото“, рече биологот Џон О’Нил од британската лабораторија за молекуларна биологија (MRC).

    Тој рече дека такви високи температури се измерени на луѓе кои имале повреди на мозокот во минатото.

    Тимот користеше техника наречена спектроскопија на магнетна резонанца (MRS), која вклучува мерење на хемиски примероци преку магнетни полиња. Тие ги комбинираа овие информации со податоци за деноноќниот ритам и време од денот.

    Просечната температура на мозокот била 38,5 степени, откриле истражувачите, што е два степени повисока отколку под јазикот. Беа забележани варијации врз основа на возраста, полот и менструалниот циклус на учесниците.

    Мозокот на жените бил во просек околу 0,4 степени потопол од машкиот мозок, најверојатно поради менструалниот циклус, додека највисоката забележана температура на мозокот била 40,9 степени. Дневните варијации беа во просек околу еден степен.

    „Откривме дека температурата на мозокот паѓа навечер пред спиење и се зголемува во текот на денот“, вели О’Нил.

    Тој додава дека веруваат дека оваа дневна варијација е поврзана со долгорочното здравје на мозокот и дека ова е следното нешто што ќе го истражат.

    Понатамошните тестови на 114 лица кои претрпеле трауматска повреда на мозокот покажале дека во тие случаи температурата на мозокот варира уште повеќе, од 32,6 до 42,3 степени.

    Се чини дека постои врска помеѓу ритамот на температурата на мозокот и шансите за преживување на траума, иако ќе бидат потребни повеќе истражувања, пишува Science alert, пренесува N1 Zagreb.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img