More

    За жал, генерацијата ученици што завршија оваа година во Украина нема да го паметат по убаво крајот на учебната година

    spot_img

    За жал, генерацијата ученици што завршија оваа година во Украина нема да го паметат по убаво крајот на учебната година. Фотографија на матуранти кои позираат меѓу срушените згради од градот Чернихов ги обиколи социјалните мрежи, пренесува Нова.

    Една од фотографиите ја сподели извршната директорка на Украинскиот акционен центар за борба против корупцијата, Дарија Калењук.

     

     

    На фотографијата се гледаат 13 студенти кои стојат меѓу урнатините на зградата. Сите изгледаат самоуверено додека позираат. Според извештаите, сите фотографии се направени на различни локации во градот разурнат од војна.

    Станислав Сеник, кој ги направи фотографиите, изјави за Ројтерс дека исто сака да ја долови приказната за дипломираните студенти во 2022 година и да документира со што тие се соочиле за време на војната. Тој фотографираше околу 40 студенти во  градот.

    – Сигурен сум дека беше многу важно да се запамети ова – рече тој во интервју за Њујорк пост.

    – И за 10-15 години, кога ќе имаат деца, би можеле да им ги покажат овие фотографии – додаде тој.

    Според Њујорк пост, Сеник планира да ги изложи и да ги продаде фотографиите, за да може заработените пари да ги донира на украинските сили.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img