More

    Кина го менува светот и претставува закана

    spot_img

    Документ за нова стратегија на НАТО под напливот на Кина која го менува светот и претставува закана за Алијансата, најави генералниот секретар Јенс Столтенберг во интервју за Атинско-македонската новинска агенција во Грција. Според него тоа ќе биде најважниот документ на НАТО и ќе биде претставен на самитот во Мадрид, пренесува Мондо.

    – На самитот на НАТО во Мадрид, ќе донесеме важни одлуки, вклучително и усвојување на нов стратешки концепт. Покрај Северноатлантскиот договор, Стратешкиот концепт е најважниот документ на НАТО. Тој ги потврдува вредностите, целите и задачите на НАТО. Документот ќе послужи како план за идната адаптација на Алијансата – рече Столтенберг.

    Мислевме дека во Европа владее мир

    – Концептот од 2010 година вели дека во Европа владее мир. Но, војната на Путин против Украина го урна тој мир. Денес сè поголемото влијание на Кина го преобликува со светот директни последици за нашата безбедност и демократија. Другите предизвици како што се климатките промени и сајбер-безбедноста речиси да не беа спомнати во 2010 година, а денес е невозможно да ги игнорирате – додава генсекот.

    – НАТО е посветена на меѓународен поредок заснован на правила. Во ера на стратешки натпревар, одржувањето на овој поредок ќе бара уште поблиска соработка со истомислениците партнерски земји и со Европската Унија. Соработката НАТО-ЕУ е веќе висока за некои прашања, вклучително и поддршката за Украина. Исто така ги поздравувам одбранбените напори на Европската Унија, кои може да доведат до поголеми инвестиции и одбранбен капацитет, а како одговор на руската војна против Украина, потребни ни сè уште посилни мултилатерални институции и уште подлабока соработка во Европа и преку Атлантикот – продолжува тој.

    Најголемата криза од Втората светска војна

    – Сега се соочуваме со сè посложено безбедносно опкружување, со многу предизвици во исто време – предупредува Столтенберг и додава:

    – Немаме луксуз да избереме со кој прв да се справиме. Бруталната и незаконска војна на Русија против Украина ја создаде најсериозната безбедносна криза во Европа од Втората светска војна. Во исто време, се соочуваме со заканите и предизвиците на тероризмот, сајбер-нападите, кинеската политика на принуда, деструктивните технологии и влијанието на климатските промени врз безбедноста.

    Нашите нации се како една

    Според Столтенберг светот станува сè поопасен па земјите од НАТО мора да се однесуваат како една нација.

    – Заедно, овие предизвици се поголеми отколку нешто со кое која било земја, или кој било континент може сам да се соочи. Заедно во Алијансата, нашите нации во Европа и во Северна Америка се како една, која се прилагодува на сè поопасниот свет. Трансатлантската врска ги зачувала нашата слобода и сигурност повеќе од седумдесет години и заедно ќе продолжиме да го чуваме мирот, да спречуваме конфликти и да ги штитиме нашите луѓе и нашите вредности-заклучува тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img