Британската полиција го обвини Спејси за сексуално злоставување

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Британската полиција во понеделникот соопшти дека поднела обвинение против актерот Кевин Спејси за сексуален напад, поради што актерот треба да се појави на суд в четврток.

Oбвинителите mинатиот месец го одобрија обвинението против 62-годишниот Спејси, и тоа четири точки од обвинението за сексуален напад врз тројца мажи и уште една точка за наведување на лице во учествување во пенатративен сексуален чин без согласност.

Полицијата соопшти дека наводните напади се случиле помеѓу март 2005 и април 2013 година, четири во Лондон и еден во Глостершир. Тие вклучуваат еден маж кој сега има четириесет години и двајца мажи кои сега се во триесеттите.
Спејси треба да се појави на суд в четврток, соопшти лондонската Метрополитенска полиција. Полицијата потврди дека Спејси бил обвинет по пет точки одобрени од државното обвинителство по неговото апсење.

Оскаровецот Спејси изјавил, како што пренесува Ројтерс, дека е подготвен да се брани пред судот во Велика Британија и дека е сигурен дека секое судење ќе ја докаже неговата невиност.

Share This Article