Опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесе 174 амандмани на ребалансот на буџетот

Lorita
By Lorita 6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Ребалансот на буџетот  е директен доказ за тоа дека Македонија е на раб од банкрот, економски разрушена, испокрадена и земја во која на дневна основа се зголемува сиромаштијата изјави на прес-конференција Бојан Стојаноски, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, државата никогаш немала повисока стапка на јавен долг, имаме највисока инфлација во последните 20 години, огромен недостаток на домашно производство на електрична енергија, најнизок економски раст во регионот, но најкорумпирана власт која за пет години успеа да уништи сиот институционален капацитет кој се создавал во минатото.

-Инфлацијата од 12 отсто за месец мај е највисока во Европа со исклучок на балтичките земји кои се граничат со Русија. Овој податок ги демантира ПиАр економистите од Владата дека инфлацијата е целосно увезена. Има и домашен удел во инфлацијата. За пошироката јавност, инфлацијата во рамки на Европската унија е сеуште едноцифрена. Ако ова е податок за мај, колку ли ќе биде за јуни, кога Владата ги укина сите мерки и преку ноќ драстично и како никогаш досега поскапеа нафтата, лебот, зејтинот, шеќерот, јајцата, месото, оризот и други основни прехранбени производи. Веќе втора недела спремаат некаков пакет мерки, но единствено конкретно што слушнавме е дека струјата ќе поскапува, преку блокови. Поради 13 домаќинства и криминалот во ЕЛЕМ кој доведе до помало производство на електрична енергија, сите ќе плаќаме поскапа струја. И згора на се, со Ребалансот велат дека инфлацијата ќе била 7,2%. -рече Стојановски.

Тој рече дека ова е Влада на најголемите неработници.

– Се сменија десетина министри во економските ресори. Своето не знаење го покажаа Зоран Заев, Драган Тевдовски, Нина Ангеловска, Кочо Анѓушев, Мила Царовска, Фатмир Битиќи, Горан Сугаревски, Крешник Бектеши, Благоја Бочварски, Фатмир Бесими и Димитар Ковачевски. Резултатите нивни се катастрофални и се чуствуваат секојдневно и насекаде низ Македонија. Тоа не го велиме само ние, туку и меѓународните економски организации- вели Стојановски.

Ние сме државам додава тој,  во која опаѓа продуктивноста, платите растат со субвенции од државата, јавниот сектор се зголемува, нема нови странски директни инвестиции, нема капитални инвестиции, јавниот долг ги пробива сите граници, а сме земја со најмал економски раст во последните пет години.

-Економскиот раст за 2022 година го намалија за 25%, а и сами се свесни дека ни така намален економски раст нема да можат да го исполнат. Во првиот квартал од 2022 година, кога сеуште не се осеќаше кризата поради војната во Украина, економскиот раст е 2,4%, далеку пониско од нивното предвидување за 3,2% за цела година – рече тој.

Стојановски вели дека владата нема институционален капацитет да спроведе инвестиции.

-За тоа колку оваа Влада не знае доволно говори фактот што Вицепремиерот за економскО прашања после 5 години владеење на една национална телевизија призна дека главна пречка за изградба на автопатот Кичево – Охрид е немањето институционален капацитет. Кој ги води тие институции? Кој сноси одговорност што 3000 денови се градат 50 километри? Организираа економски форум за кој во време на економска криза платија 20 милиони денари и главниот гостин им кажа дека треба да ја подобрат инфраструктурата. Каков срам. Не можат да довршат повеќе од пола завршен пат, не можат да изградат 10 километри до граница со Косово, не можат да го тргнат одронот од новиот автопат Миладиновци – Штип, ќе правеле нешто повеќе? Кого мислат дека лажат? Дека власта нема институицонален капацитет говори реализацијата на капиталните расходи. 20% за пет и половина месеци. Со ребалансот повторно се кратат најпродуктивните трошоци, овојпат за 100 милиони евра. И така намалени, нема да ги реализираат -вели тој.

- Advertisement -
Ad image

Стојановски се чуди како владата ќе крати непродуктивни трошоци во Буџетот кога при неговото донесува тврдеше дека нема испланирани такви трошоци.

-При најавата за Ребалансот најавија дека скратиле 200 милиони непродуктивни трошоци. Добро луѓе, зошто воопшто ги ставивте? Од 2020 сме во криза и цело време викате дека се скратени тие трошоци. Во суштина со овој ребаланс кратите од развојот на државата. Политиката купи ден, продај, уште еднаш ја покажувате на дело.Македонија е задолжена како никогаш до сега. До крајот на годината јавниот долг ќе пробие и нов плафон, 8 милијарди евра. Со месеци водите преговори со ММФ за кредитна линија која покрај нас ја бараат Панама и Мароко. Се наоѓаме во група на земји кои имаат најголем пораст на јавниот долг во периодот од пред корона кризата до денес. Се радувате на инфлацијата, затоа што така ќе се намали процентот во однос на БДП. Генерации и генерации ќе го плаќаат економското цунами кое се случува во моментов – дадава тој.

Тој информира дека пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата за Обнова на Македонија, поднесе 174 амандмани преку кои ќе се обиде  да го подобриме секојдневието на граѓаните.

- Advertisement -
Ad image

-При креирањето на амандманите се водевме од три приоритети: вистинско стимулирање на економијата преку капитални инвестиции кои се остварливи, помош на граѓаните и стопанството во овие тешки моменти и спречување на расипничкото трошење на парите од страна на власта. Како позначајни, можам да ги одвојам амандманите кои што се по барање на ССМ и КСС, намалување на акцизи и ДДВ за горива, ослободување од ДДВ за храна како и финансиска поддршка за фотоволтаични и соларни системи за домаќинствата – информира Стојановски.

Share This Article