Првиот случај на мајмунска сипаница е регистриран во Венецуела, соопшти Министерството за здравство на таа земја.
Пациентот, кој сега е во изолација, неодамна пристигнал од Мадрид и бил во контакт со две заразени лица во Барселона. Здравствената состојба на пациентот е стабилна.
Бразил го регистрираше првиот случај на мајмунска сипаница претходно оваа недела, велејќи дека станува збор за четириесет и едногодишен маж кој неодамна дошол од Шпанија.
Повеќето луѓе закрепнуваат од оваа болест во рок од неколку недели без медицинска помош.
Симптомите првично се слични на грипот, како што се треска, чувство на студенило и отечени лимфни јазли, проследени со осип и плускавци на кожата.
Вирусот на мајмунски сипаници не се пренесува лесно и се шири преку близок физички контакт, вклучително и сексуален контакт со заразено лице.
Мајмунската сипаница е зооноза која се шири меѓу животните и луѓето. Потекнува од животни како глодари и примати и се јавува во оддалечените делови на Централна и Западна Африка.
Според Светската здравствена организација, до 8 јуни се пријавени 1.285 лабораториски потврдени случаи на мајмунски сипаници во 28 неендемични земји, од кои повеќето ги зафатиле Германија, Шпанија, Обединетото Кралство и Канада.