More

    Првиот ресторан на руската верзија на синџирот Мекдоналдс се отвора денеска во Москва, откако американскиот синџир за брза храна ја напушти земјата и го продаде својот имот во Русија

    spot_img

    Првиот ресторан на руската верзија на синџирот Мекдоналдс се отвора денеска во Москва, откако американскиот синџир за брза храна ја напушти земјата и го продаде својот имот во Русија.

    Во и околу Москва ќе се отворат 15 продажни места, под ново име и лого „Вкусно и точка“, но на истите локации, со ист персонал и речиси идентични понуди за храна.

    По повеќе од 30 години, Мекдоналдс во март ги затвори своите руски ресторани, како одговор на инвазијата на Русија врз Украина.

    Синџирот вработуваше повеќе од 62.000 лица во целата земја. Некои ресторани на аеродромите и на железничките станици засега ќе продолжат да работат под официјалното американско лого поради посебните договори што не е лесно да се раскинат.

    Нов сопственик на франшизата сега е Александар Говор, кој од 2015 година има лиценца за 25 ресторани на Мекдоналдс во Сибир. Тој ќе ги откупи сите 825 локации на Мекдоналдс низ целата земја и тврди дека има намера повторно да ги отвори сите во рок од два месеца.

    Отворањето на руската верзија на Мекдоналдс во последните денови предизвика голема дебата на руските социјални мрежи. Државниот весник „Росискаја газета“ посвети цела страница на „рускиот Мекдоналдс“.

    Високиот интерес за темата постои делумно поради историското значење на Мекдоналдс во земјата. Отворањето на првата филијала на американскиот синџир за брза храна во 1990-тите, пред која се формираа редици долги 500 метри, тогаш беше знак за промените во земјата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img