More

    Бред Пит ја тужи својата поранешна сопруга Анџелина Џоли,за продажбана француски имот „Шато Миравал“!

    spot_img

    Бред Пит ја тужи својата поранешна сопруга Анџелина Џоли, обвинувајќи ја дека незаконски го продала дел од нивниот француски имот „Шато Миравал“, пренесува „Пејџ сикс“.

    Пит наведува дека се договориле ниту еден од нив да не го продаде својот дел од имотот, на кој се венчаа во 2014 година, без согласност на другата страна. Затоа, актерот во тужбата тврди дека Џоли без негова дозвола дрско го продала својот дел на рускиот бизнисмен Јуриј Шефлер.

    Во тужбата поднесена до Високиот суд во Лос Анџелес се вели: „Џоли продала дел од имотот без знаење на Пит, ускратувајќи му го правото на нејзиниот поранешен сопруг на согласност и правото на првенствено купување што му го должи со својот бизнис. Таа го продала својот дел иако знаела дека рускиот бизнисмен Шефлер ќе се обиде да го контролира својот дел од имотот и бизнисот на кој Пит се посвети, со што ќе ја поткопа понатамошната инвестиција на Бред во имотот „Миравал““.

    Имотот „Миравал“ се наоѓа во селото Коренс во регионот Прованса-Алпи-Азурен брег во југоисточна Франција. Вилата има 35 соби и е опкружена со градини со рибник, фонтани, аквадукти, езерце, капела и лозје кои му станале „страст“ на Пит и тука вложил голема сума.

    Џоли и Пит го купиле имотот во 2008 година со намера таму да одгледуваат деца и да изградат семеен бизнис со вино. Таму се венчаа во 2014 година, а по разводот почнаа судски пресметки за старателство над децата и заеднички имот.

    Пит ја претвори својата љубов кон виното во бизнис вреден повеќе милиони долари и стана еден од водечките светски производители на розе вино. Судските документи наведуваат дека до 2013 година „Џоли целосно престанала да учествува“ во реновирањето на замокот, додека Пит „продолжил да инвестира милиони долари, што е приближно 70 отсто од инвестицијата во „Миравал““.

    Во јануари 2021 година, Џоли писмено го известила Пит дека мора „да донесе болна одлука со тешко срце“. Таа објаснила дека го купила „Миравал“ со Пит како „семеен бизнис“ и дека верува дека самиот имот ќе биде место „на кој ќе стареат заедно“, се наведува во тужбата.

    Потоа решила да го продаде својот дел, а Пит тргнал да купи дел од имотот на својата поранешна сопруга. Меѓутоа, во октомври 2021 година, одделот за вино на групацијата Столи, Тенуте дел Мондо, објави дека го купил својот 50 отсто удел во имотот и виното произведено таму, а целиот бизнис почнал да го контролира рускиот претприемач Шефлер.

    Таа продажба го изненадила Пит, кој вели дека повеќе не може да го користи замокот како свој приватен дом и дека повеќе не може да ја контролира компанијата во која помогнал да се создаде и во која вложил милиони долари.

    „Џоли одамна престана да придонесува за „Миравал“ – додека Пит инвестираше пари и пот во бизнисот со вино. Џоли се обидува да го грабне профитот којшто не го остварила и да ги врати инвестициите во кои не вложила“, се наведува во тужбата. „Зголемувањето на вредноста ѝ даде шанса на Џоли да профитира од успехот на Пит и да заработи од него, а притоа без да мрдне со прст кога ја развиваше компанијата.“

    „Таа бара поврат на инвестицијата којшто не ја остварила и профит којшто не го остварила“, рекол извор запознаен со ситуацијата, пренесува „Пејџ сикс“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img