Суд во самопрогласената Народна Република Доњецк денеска осуди на смрт двајца Британци и еден Мароканец кои се бореле на страната на Украина.
Судот ги прогласи за виновни Ејден Ајслин, Шон Пинер и Саудун Брахим, кои претходно беа заробени во источна Украина.
Тие беа осудени за дејствување со цел насилна промена на власта и тероризам.
Имаат рок од еден месец да поднесат жалба.