Јавноста и вработените треба да бидат информирани дека Управниот одбор на ЈСП Скопје на 19 април ги прифати барањата на Независниот синдикат и донесе одлука за линеарно зголемување на платите во износ од 2.800 денари, реагираат од ЈСП по најавата дека од среда вработените ќе протестираат пред управната зграда.
„Поради ова ги осудуваме ваквите дејствија и апелираме дека со политички мотивирани манипулации поттикнати од центри на политичка моќ нема да се придонесе за развој и унапредување на статусот на вработените во ЈСП Скопје, туку, напротив ќе доведат до непоправлива штета која негативно ќе влијае врз работните процеси и статусот на вработените во претпријатието, како и за граѓаните.
Протестот го организира Независниот синдикат на ЈСП Скопје и е мотивиран од ниските плати и лошите услови за работа.