Атинската Архиепископија вели дека само Цариград има право да додели автокефалност

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Грчката православна црква денеска го поздрави „исцелението на расколот од 1967 година и востановувањето на црковното општење“ на светата Охридска Архиепископија, но истовремено изрази голема загриженост поради недоамнешното писмо на СПЦ, пред сѐ поради користењето на името „Македонска православна црква“.

Според Атинската Архиепископија, на тој начин се навлегува во внатрешните работи на Црквата на Грција која, исто така, под своја јурисдикција има област наречена „Македонија“. Дополнително, загриженоста на Атинскиот Синод е уште поголема и поради наводното доделување на автокефалија од страна на Црквата на Србија, бидејќи „единствената надлежна институција за доделување Автокефалност е Сечесната Вселенска Патријаршија“.

На крај, во соопштението на Православната црква на Грција се вели дека „Светиот Синод ѝ посакува на Свештената Охридска Архиепископија под Неговото Блаженство Архиепископот г. Стефан, конструктивно да го исползува нејзиното враќање во црковното единство и подигањето на шизмата“.

Share This Article