Лидерот на бугарската политичка партија „Има таков народ“, Слави Трифонов денеска изјави за локални медуми дека ги повлекува министрите од таа партија кои се во владата.
– Ставам крај на оваа коалиција и агонија – изјави Трифонов.
Една од причините поради која Трифонов излегува од коалицијата, е незадоволството од начинот на кој бугарската страна го води спорот со Македонија.
– Има две причини зошто оваа коалиција не функционира и зошто не ни е место во неа – Северна Македонија и тоа што нема повеќе пари во државата – додаде тој.