Младата Украинка се вратила меѓу урнатините на своето уништено средно училиште во фустан што го подготвила за матурската вечер на денот кога требало да се одржи танцот.
Приказната која је објави украинскиот центар за граѓански слободи на Твитер, доаѓа од Ана Епишева, која сподели фотографија од својата внука во црвен фустан.
– Мојата внука требаше да заврши средно училиште оваа година. Таа и нејзините пријателки купуваа фустани и со нетрпение го очекуваа денот на матурата. Потоа дојдоа Русите – започна таа.
„Нејзиното училиште беше погодено и уништено. Денеска се врати во она што остана од училиштето“, напишала таа на Твитер.
На фотографијата е млада жена во светло црвена боја, зад која се гледаат огромните урнатини на зграда која некогаш била нејзино училиште.
Фотографијата стана вирална на Твитер и беше споделена повеќе од 2.000 пати за само неколку часа.
ФОТО: Твитер