More

    Уставниот суд оформи четири нови предмети

    spot_img

    Во периодот од 9 мај до 6 јуни 2022 година до Уставниот суд се поднесени седум иницијативи и по нив се оформени предмети кои се предадени на работа на советници на Судот и судии.

    У.бр.45/22

    Подносител:Игорчо Точев од Кочани

    Oспорен:

    -Делот „германски марки (ДЕМ)” од член 9 став 3 од Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал.

    -Делот „ДЕМ” од членовите: 22, 26 2, 86-б став 1 и 111 став 1 од Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал.

    -Делот „Закон за инвестициони фондови” од член  85-б став 2 од Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал.

    Дел од наводи во иницијативата:

    Подносителот наведува дека со цитираните одредби изразувањето на една вредност од денари во германски марки (ДЕМ), сметано од 01.01.2002 година станува беспредметно и можат да доведат до забуна во примена на одредбите, што не е во согласност со владеењето на правото од членот 8 алинеија 3 од Уставот.

    У.бр.46/22

    Подносител:Игорчо Точев од Кочани

    Оспорен: Делот „министерството за стопанство и министерот за урбанизам, градежништво, сообраќај и екологија” од член 30 од Законот за складирање и заштита од запални течности и гасови.

    Дел од наводите во иницијативата:

    Во иницијативата се наведува дека од 21.07.2000 година престанува да постои Министерството за стопанство, Министерството за урбанизам и градежништво, Министерството за екологија и Министерството за сообраќај и врски кое продолжува со работа како Министерство за транспорт и врски но сепак од оспорениот дел од одредбата од членот 30 од Законот за складирање и заштита од запални течности и гасови сеуште се пропишани надлежности на непостоечко Министерство, односно непостоечки министер, што може да доведе до правна несигурност, нејаснотии и забуна во практикувањето на правото за субјектите кои се засегнати со конкретната правна проблематика како и органите кои го применуваат тој закон. Подносителот наведува дека одредбата е во спротивност со членот 8 став 1 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија.

    У.бр.47/22

    Подносител:Игорчо Точев

    Оспорен: Член 22 став 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи.

    Дел од наводите во иницијативата:

    Според наводите во иницијативата со оспорената одредба се дополнува одредба која во себе суштински и содржински не содржи зборови на кои се повикува самата одредба оспорена во иницијативата и која би требало да ја надополни нормата, нешто што не е во согласност со членот 8 став 1 алинеја 3 од Уставот.

    У.бр.47/22

    Подносител:Александра Илиева Милчова, адвокат од Скопје

    Оспорен: Членот 1 во делот „на оваа Уредба”, член 2 став 1 ,2 и став 3 во делот „на оваа одредба” од Уредба со законска сила за роковите во судските постапки за време на вонредната состојба и постапувањето на судовите и јавните обвинителства од 30.03.2020.

    Дел од наводите во иницијативата:

    Во иницијативата се наведува дека се донесени извршни одлуки за временски период на вонредна состојба од 18.03.2020 до 30.03.2020 од граѓанска управна или казнена област со кои се казнуваат или задолжуваат правни и физички лица, а кои во тој период станале правосилни или извршни, но тие правни или физички лица исто така биле опфатени со други Уредби и препораки со кои им се ограничуваа основните човекови права на слободно движење поради пандемијата или пак се плашеле за своето здравје, па биле ограничени да ги искористат своите права на правни лекови со цел правилна примена на законите. Според подносителката на иницијативата  постоењето на правен вакуум од започнувањето на траење на вонредна состојба од 18.03.2020 до 30.03.2020 година  кога е донесена Уредбата значи дерогирање на правото на фер судење затоа што на низа граѓани им беше ограничено движењето со препораки и биле оневозможени да присуствуваат или да дадат некој правен лек за време на траење на вонредната состојба.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img