More

    Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против лицето Ламбе Алабакоски за кривично дело – Предизвикување општа опасност

    spot_img

    Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против лицето Ламбе Алабакоски за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик, соопштуваат од ОЈО.

    „Постои основано сомнение дека пријавениот 34-годишник на 4 јуни, во раните утрински часови, со пожар предизвикал значителна опасност по имотот од големи размери. Тој истурил бензин врз влезната врата од Културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола, ставил фитил на прагот и го запалил“, се вели во извештајот и се додава:

    „Бидејќи постои опасност осомничениот да се даде во бегство, особено со оглед на фактот што тој има двојно државјанство на Р.С. Македонија и на САД каде живеел до неодамна, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img