Ако во Бугарија се одржи референдум по прашањето за Македонија, може да се претпостави како ќе гласаат 80 отсто од луѓето според истражувањата, вели бугарскиот европратеник Илхан Ќучук според кој одржувањето на референдумот, кое беше идеја на претседателот Румен Радев би можело да ги сопре добрососедските односи, пренесува Либертас.
– Таков референдум би имал исход на запирање на добрососедските односи, создавање дополнителни бариери и заковување на една позиција. Мислам дека тоа не е вистинскиот начин. Ако сакаме да го предвидиме неговиот резултат, зошто социолошките истражувања – 80 oтсто, и начинот на кој е претставена темата во Бугарија, јасно е, дека нема потреба од одржување референдум – изјавил Ќучук.
Ќучук го поздравува ангажманот на францускиот претседател Емануел Макрон да посредува во спорот меѓу двете земји.
– Се разбира, претседателот Макрон, како еден од големите лидери, е, се осмелувам да кажам, еден од луѓето кои се етаблираа како водечка фигура во Европскиот совет и е посветен на политиката за проширување – додал тој.