Ве известуваме дека денеска заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, заедно со министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска ќе одржат состанок со Сојузот на пензионери и Партијата на пензионери. Со овој состанок се означува почеток на дијалогот за предлог новата методологија за покачување на пензиите.