More

    Украинската армија ја потврди смртта на проруски сепаратистички генерал

    spot_img

    Украинската армија ја потврди смртта на проруски сепаратистички генерал, откако претходно руската државна телевизија објави за загинувањето на генерал-мајорот Роман Кутузов на фронтот во источниот дел на Украина.

    На интернет-страницата „Украинска правда“ доцна синоќа беше објавено дека „официјално е денацификуван и демилитаризиран“ командантот на 1-от армиски корпус на сепаратистичката Народна Република Доњецк, генерал-мајор Кутузов, притоа повикувајќи се на информации од Управата за стратешки комуникации на украинските вооружени сили.

    Кутузов, наводно, бил убиен во напад на проруските сили врз населено место блиску до градот Попасна, во областа Луганск во источна Украина.

    Украинската војска претходно објави дека офанзивата на проруските сили била неуспешна и дека непријателот бил принуден да се повлече со „значителни загуби“.

    Од почетокот на инвазијата врз Украина се убиени неколку руски генерали, а Москва досега го потврди загинувањето само на четворица.

    Украинската страна во еден момент тврдеше за загинување на седум руски генерали, за потоа двајца од нив да се појават живи.

    Министерството за одбрана во Киев вчера предупреди на можни нови ракетни напади врз Киев, иако врз главниот град на земјата немаше напади уште од крајот на април.

    – Отсекогаш отворено сме предупредувале дека Киев е постојано под воена закана – изјави вчера заменичката-министер за одбрана на Украина Хана Маљар.

    Таа посочи дека независно што многу од раселените граѓаните на почетокот на конфликтот веќе се вратиле во Киев, треба да се знае дека престолнината на Украина останува главна цел на руските сили.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img