Концертот на ДУИ завршил со крвава пресметка

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Тројца малолетници се уапсени, а три лица, од кои еден малолетник завршиле во болница за време на концертот организиран од ДУИ по повод 20 години од формирање на партијата.

„На 03.06.2022 во полициската станица Бит Пазар биле приведени три малолетни лица, од кои двајца од Арачиново на возраст од 15 и 16 години и едно лице на возраст од 17 години од Скопје. Тројцата на плоштадот „Скендербег” во Скопје околу 23 часот, каде се одржувал јавен собир организиран од политичката партија, пред завршување на настанот, го нарушиле јавниот ред и мир со физичката пресметка со друга група на лица, а биле употребени и остри предмети“, велат од МВР

Во Градската општа болница „Свети Наум Охридски” биле донесени со повреди од остар предмет 15 годишник од с.Арачиново, Г.С. (20) од с.Танушевци и А.Н.(20) од с.Брест.

Од малолетниците кои биле приведени биле одземени два ножа.

По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Share This Article