Поп-пејачката Тамара Тодевска вчера го прослави 37-миот роденден, а по тој повод сподели прекрасни фотографии на својот инстаграм-профил.
Тамара среќна и насмеана позираше со роденденската торта в рака заедно со ќерката Хана и синот Дарен. На масата пред славеничката, исто така, стои интересна торта со рози и чоколади.
„Викаат дека годините се само бројка… Да ви кажам искрено, поубаво не сум се чувствувала никогаш. Живели дечки“, напиша Тамара во описот на фотографијата.
Тамара доби бројни честитки и убави желби од колегите и пријателите, кои споделувајќи фотографии со неа ѝ го честитаа роденденот.
ФОТО: Инстаграм