More

    Фестивалот „Share“ 2022 од денеска до недела

    spot_img

    Вечерва на сцената на Театр ЛАБ“ во Братислава, Словачка, на отворање на фестивалот „Share“ ќе настапат студентите на Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“, кои ќе ги изведат кореогрфаиите „Outline“ на Дејан Битровски, во која настапува Емилија Милак и Безнадежен“ на Иван Ангелковски, во која настапува студентката Стефани Шааршмит.

    Двете кореографии се во продукција на Скопје танцовиот театар. Воедно, во рамките на фестивалот, асистентката Анастасија Данчевска ќе одржи работилница, а професорката Рисима Рисимкин ќе има предавања на тема „Развој на софтвер за компјутерски генерирана кореографија“, труд кој беше претставен на научната конференција ЕТИМА во 2021 година.

    Фестивалот „Share“ 2022 ќе се одржи од втори до петти јуни во Братислава, Словачка, како платформа на седум европски танцови академии и универзитети, и тоа „Антон Брукнер“ универзитетот од Линц и „Универзитетот за музика и уметност на Градот Виена“ од Австрија;Академијата за култура“ од ЛатвијаАкадемијата за музика и театар“ од Литванија; Конзерваториумскиот центар „Данкан“ од Прага, Чешка; Академијата за изведувачки уметности од Братислава, Словачка и Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, Македонија.
    Огромен број млади уметници, студенти и професори деновиве ќе ги споделат своите искуства во Братислава, ќе има работилници, како и вечерна програма на секоја од овие седум академии.

    Фестивалот „Share“ се формираше во 2017 година, кога за прв пат се одржа во Братислава, со цел да се постави платформа за соработка на млади европски современи танчери. Во Братислава фестивалот се одржува секоја втора година, а во меѓувреме патува низ земјите учеснички. Во 2018 година фестивалот се одржа во рамки на „Танц фест“ во Скопје и Штип, на него присуствуваа преку сто млади уметници и професори.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img