More

    Војната во Украина ќе трае уште многу месеци

    spot_img

    Војната што Русија ја води во Украина ќе трае уште „многу месеци“, оцени денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

    – Тоа би можело да заврши утре доколку Русија ја прекине својата агресија, но ние не гледаме никаков знак во таа насока во оваа фаза…се уште гледаме конфликт што ќе трае многу месеци. Додека (војната) трае, сакаме да обезбедиме Украина да го има она што и треба да се брани и сакаме да се погрижиме Русија да почувствува силен притисок од максималниот број земји – рече Блинкен на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Вашингтон.
    Шефот на американската дипломатија рече дека Украина им „дала гаранции“ на САД за да гарантира дека новите ракетни системи што и ги вети Вашингтон нема да се користат за цел на Русија.

    – Русија ја напаѓа Украина, а не обратно. Да бидеме јасни: најдобар начин да се избегне ескалација е Русија да стави крај на агресијата и војната што ја започна – изјави Блинкен на новинарите како одговор на критиките на Москва за новата американска испорака на оружје до Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img