More

    Силен земјотрес во Кина, најмалку едно лице загина

    spot_img

    Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтер ја погоди југозападната кинеска провинција Сечуан. Властите соопштија дека железничкиот сообраќај е делумно прекинат, а неколку куќи се оштетени.Локалните медиуми јавија дека најмалку едно лице загинало, а шест се повредени.

    Земјотресот се случил на околу 110 километри од Ченгду, главниот град на провинцијата, а епицентарот бил на длабочина од 17 километри.

    Локалната противпожарна служба соопшти дека 1.400 спасувачи отишле во зоната на земјотресот, пренесува Дојче веле.

    Најсмртоносниот земјотрес во Кина во последните години се случи во Сечуан во 2008 година и беше со јачина од 7,9 степени според Рихтеровата скала. Тогаш загинаа нешто помалку од 90.000 луѓе.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img