More

    Кина и Русија го заокружија стратешкото сојузништво

    spot_img

    Соработката на Москва и на Пекинг доби „стратешки карактер“, со отворањето на новите можности што произлегоа од „хибридната војна на Западот против Русија“, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

    – Русија и Кина систематски ги спроведуваат сите одобрени програми на соработка. Енергетското партерство доби стратешки карактер. Се реализираат големи проекти од областа на индустријата, земјоделството и транспортот – рече Лавров во обраќањето пред учесниците на 7 Меѓународна конференција „Русија и Кина: Соработка во новата ера“.
    Тој наведе дека „хибридната војна што Запад колективно ја покрена против Русија отвара нови можности за проширување на соработката меѓу Москва и Пекинг“.

    – Познато е дека зборот ’криза’ на кинески е комбинација на два карактери – опасност и можност. Сигурен сум дека хибридната војна што ја покрена Запад против Русија отвара нови можности за проширување на конкретната руско-кинеска соработка, вклучувајќи инвестиции и финансии – нагласи шефот на руската дипломатија.

    Лавров порача дека Русија и Кина планираат да развијат независна финансиска инфраструктура, преку значајно зголемување на употребата на рубљата и јуанот во меѓусебните деловни активности.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img