Рускиот олигарх тврди дека е неправилно санкциониран

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Рускиот милијардер Роман Абрамович поднесе тужба против Советот на Европска Унија бидејќи e  дел од серијата мерки насочени кон Русија и сојузниците на рускиот претседател Владимир Путин.

Абрамович е еден од неколкуте руски олигарси, блиски до Путин, кои ЕУ ги санкционираше во март и им ги замрзна имотите. Абрамович негираше дека е во добри односи со рускиот претседател.

Британската Влада го принуди Абрамович да го продаде фудбалскиот клуб Челзи, што пред два дена беше продаден за 3,2 милијарди долари. Португалските власти потврдија дека продажбата на Челзи не била од корист на Абрамович или неговите соработници бидејќи средствата ќе бидат искористени за хуманитарни активности во Украина.

Британската Влада во април ги замрзна имотите на руските бизнисмени Јуџин Тененбаум и Давид Давидович, вредни 10 милијарди фунти.

Share This Article