More

    Рекордно поскапување на горивата од полноќ

    spot_img

    Регулаторната комисија за енергетика попладнево донесе одлука за значително поскапување на цената на горивата и од ноќеска на полноќ бензините ќе се продаваат по рекордна цена.

    Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, изнесуваат:

    моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 -ќе чини 104 денари за литар

    моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 106,50 денари за литар

    дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 95 денари

    масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 93 денари/литар

    мазут М-1 НС – 54,640 денари.

    Оваа корекција Rегуалторната комисија ја направи откако на владина седница се донесе одлука од утре ДДВ за горивата наместо 10 да биде 18 отсто, а повеќе нема да се намалува ниту акцизата која со владините мерки во зависност од светските берзи паѓаше за 1 до 3 денари.

    Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар, како и курсот на денарот во однос на доларот, во денешната пресметка (31.05.2022) се исти со претходната пресметка од 30.05.2022, односно во денешната пресметка извршена е промена само на акцизите и данокот на додадена вредност, дефинирани со прописите за акцизи и данокот на додадена вредност, се наведува во соопштението на Регулаторна комисија.

    Од Регулаторна напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 1.5.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img