Прогресивните политики на Шведска ја направија прва земја без чад со стапка на пушење под 5%

Lorita
By Lorita 7 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Глобалната борба против пушењето покажува дека оние земји кои применуваат прогресивни политики и иновативни решенија прават најголеми чекори во намалувањето на штетните последици од користењето цигари.

Во анализата насловена „Tale of two nations – a comparative study of how France and Sweden are faring in the fight against smoking“, на организацијата „Smoke Free Sweden“, за споредба се земаат дијаметрално различните пристапи кои се употребуваат од властите во Шведска и властите во Франција. Додека Шведска постигнува водечки резултати на светско ниво, овозможувајќи широка употреба на помалку штетните никотински производи (кои не се без ризик и содржат никотин, состојка која создава зависност), Франција наметнува забрани за алтернативните производи кои би можеле драстично да ја намалат стапката на употреба на цигари во општеството.

Во оваа анализа на студијата на организацијата „Smoke free Sweden“ се заклучува дека Франција ја губи битката. Во 2012 година, повикувајќи се на податоци на Евробарометар, се наведува дека во Франција дури 28 % од полнолетното население биле пушачи, а за истата година во Шведска овој процент изнесува 11,4%. Дванаесет години подоцна, Франција бележи незначителен пад на 27%, додека пак кај Шведска процентот на пушачи е само 5,3%. Во меѓувреме, скандинавската земја кон крајот на 2024 година успеа да биде и првата земја во светот „без чад“ со стапка на пушење под 5%, со што ги исполни целите на Светската здравствена организација и на Европската Унија. Франција останува далеку од посакуваната цел да стане „земја без чад“ до 2040 година и со актуелното темпо на намалување на пушачите, малку е веројатно целта да биде достигната пред 2100 година.

Спротивно на тоа, шведскиот успех се гради на идејата за поттикнување на употребата на никотинските производи, како што се снусот, никотинските ќесички, вејповите и уредите што загреваат тутун, како помалку штетна алтернатива за полнолетните пушачи, иако овие производи не се без ризик и предизвикуваат зависност.

„Додека оваа иновативна стратегија базирана на докази би требало да претставува патоказ за политиката на останатите земји во светот, Франција оди во спротивната насока. Земјата планира да ги забрани никотинските ќесички и да наметнете строги забрани за алтернативите без чад, наместо да се даде приоритет на пристапноста до помалку штетните производи“, пишува во анализата.

Во неа се додава дека шведскиот ефективен модел е резултат на долготраен експеримент, според кој преминувањето од пушење на користење на никотински производи без чад води до намалувањето на штетноста за јавното здравје. Инциденцата на рак во Шведска е за 41% помала од европскиот просек и во земјата се регистрирани за 38% помал број смртни случаи предизвикани од канцер.

„Наместо да ги забрани или во голема мера да ги ограничи никотинските производи, Шведска ги прифати помалку штетните алтернативи. Транзицијата започна со традиционалниот снус, а подоцна листата се прошири со електронските цигари (2015) и никотинските ќесички (2018). Со тоа што овие алтернативи станаа достапни и општествено прифатливи, Шведска успешно ја намали стапката на пушење за 54% од 2012 година“, се додава во анализата.

Во суштината на пристапот, како што се потенцира, се три клучни преземени активности: озаконување на помалку штетните никотински производи на интернет и во маркетите; дозвола за рекламирање со цел подигање на свеста за алтернативите со помала штетност; пропорционално оданочување, преку намалување на акцизите за никотинските производи и зголемување на даноците за цигарите со што дополнително се стимулира откажувањето од пушење.

Од друга страна, Франција спроведе и планира да воведува дополнителни ограничувања на различните никотински алтернативи, вклучувајќи ги и електронските цигари и никотинските ќесички.

- Advertisement -
Ad image

„Во јануари 2022 година, француското здравствено советодавно тело ја промени претходната насока до лекарите, велејќи дека тие не треба да ги препорачуваат електронските цигари како официјална алтернатива за пушењето. Репресивните мерки се интензивираа во 2024 година кога министерката за здравство Женевив Дарусек објави дека планира да ги забрани никотинските ќесички, оценувајќи ги за ‘опасни’, и покрај нивниот очигледен успех да им помогнат на Швеѓаните во откажувањето на употребата на цигари“, се наведува како компарација во анализата.

Ваквите мерки на француската Влада сугерираат дека е избран пристап на забрани наместо пристап за намалување на штетноста, и покрај доказите дека алтернативните никотински производи може да им помогнат на пушачите да се откажат. Францускиот конзервативен пристап на забрани резултира со само 1% намалување на стапката на пушење за повеќе од една декада (од 28% на 27%), прикажувајќи при компарацијата супериорниот на ефективноста на шведската стратегија.

- Advertisement -
Ad image

Успешноста на шведскиот пристап е поттик за компаниите од индустријата, кои сѐ повеќе во своето портфолио вклучуваат голем број на алтернативни никотински производи и дополнително ја развиваат технологијата на производство со цел да се намалат штетните последици по здравјето од употребата на тутунски производи.

– Повеќе јавни здравствени организации и регулатори ја поддржуваат употребата на производи без чад. Меѓутоа, за да се осигура дека е можно да се искористи целосниот потенцијал на стратегијата за намалување на штетноста од тутунот, потребен е многу поголем фокус: за (i) да се осигура дека возрасните пушачи на сите пазари ширум светот имаат пристап до производите без чад, (ii) да се подобри точноста на владините здравствени стратегии поврзани со производите без чад и (iii) да се овозможат законски рамки кои ги балансираат стандардите за овие производи со охрабрувањето на возрасните лице да се откажат од пушењето – смета доктор Џејмс Марфи, кој е раководител во одделот „Истражување и наука“ во „Бритиш Американ Тобако“.

Компанијата пласира на пазарот голем број никотински производи, помеѓу кои се никотинските ќесички Velo и електронскиот уред Glo, кој го загрева тутунот наместо да го согорува. Според производителот, сите тие алтернативни производи со никотин се помалку штетни од пушењето цигара. Дополнително, нема мирис на чад од цигари, нема пепел и се забележуваат помали промени на бојата на забите во споредба со цигарите и/или снус. Сепак, индивидуалните резултати може да варираат. Овој производ не ги намалува постојните дамки на забите. Други фактори може да придонесат за дамки на забите.

Share This Article