ЕКСКЛУЗИВНО: Јавното обвинителство во Охрид не дава налог за истрага за нелегалните возови кои превозуваат деца

Saso
By Saso 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Правна празнина или институционална безодговорност? Три нерегистрирани “воза” продолжуваат да превозуваат деца по пешачките патеки во центарот на Охрид

Охрид, 16 јули 2025

Градот Охрид се наоѓа во центарот на правна контроверза која го доведува во прашање функционирањето на правната држава во Република Северна Македонија. Три нерегистрирани возила во форма на “возови” продолжуваат да превозуваат деца од предучилишна и школска возраст по пешачките патеки на улица Кеј Македонија, без да постојат соодветни лиценци за јавен превоз.

Јавното обвинителство одбива да дејствува

Според информации кои пристигнаа до нашата редакција, Јавното обвинителство од Охрид не давало налог за работа на криминалистичката полиција во врска со овие нелегални возила. Образложението кое го дава ОЈО Охрид е дека возовите кои се движат по пешачката патека не биле регистрирани како моторни возила на погон во станиците за технички преглед, истите биле рачно изработени, и од тие причини лицата кои обавуваат сообраќај и се сопственици на возовите не можеле да бидат гонети по кривичен законик.

“Оваа интерпретација на законот е неприфатлива кога се работи за безбедност на децата и преставива преседан во кривичниот законик”, изјави еден од изворите кој побара да остане анонимен.

Безбедносни ризици за најмладите

Особено загрижувачки е фактот дека овие нерегистрирани возила превозуваат деца од предучилишна и школска возраст. Според македонското законодавство, превозот на деца подлежи на најстрогите безбедносни критериуми, вклучувајќи специјални безбедносни мерки, обучен персонал и возила кои се во совршена техничка исправност.

Возовите функционираат без:

  • Лиценца за јавен превоз
  • Технички преглед
  • Осигурување за патниците
  • Обучен персонал за работа со деца
  • Соодветни безбедносни мерки

Селективна примена на законот

Случајот во Охрид претставува класичен пример на селективна примена на законот. Додека регистрираните превозници мораат да ги исполнат сите законски обврски, овие “возови” функционираат во правна празнина која ја создале самите институции.

“Ако следиме оваа логика, секој може да произведе возило во дворот и да врши јавен превоз без никакви последици, доколку не го регистрира како моторно возило”, коментира правниот експерт кој побара анонимност.

- Advertisement -
Ad image

Молк од надлежните институции

Нашата редакција се обиде да добие коментар од следните институции:

Инспекторат за сообраќај при Општинa Охрид – Не одговорија на нашите барања за коментар

СВР Охрид – сектор за сообраќај – Началникот на сектор  не се јавува

- Advertisement -
Ad image

Пазарен инспекторат – Упатуваат на други институции

Управа за јавни приходи Охрид – Без коментар

Јавно обвинителство Охрид – Не одговорија на нашите барања

Историјат на проблемот

Проблемот со нелегалните возови во Охрид не е нов. Градот кој некогаш го красеше железничкиот сообраќај со возот “Ќиро”, денес нема железничка пруга, но парадоксално располага со три воза за превоз на патници.

Минатата година, според неофицијални информации, возовите беа регистрирани како “продажба на сувенири” за да се избегне плаќање данок. Оваа година, истите возови функционираат во правна празнина – официјално не постојат за упарвата за јавни приходи, но продолжуваат да работат.

Економски импликации

Ситуацијата создава нерамноправна конкуренција на пазарот на јавниот превоз. Легалните превозници се принудени да ги исполнат сите законски обврски, додека нелегалните оператори функционираат без никакви ограничувања.

Буџетот на градот трпи загуби од неплатени даноци, додека граѓаните кои се држат до законските прописи носат дополнителен фискален терет.

Што вели струката?

Експертите за јавен превоз предупредуваат дека оваа ситуација може да има сериозни последици.

“Превозот на деца бара највисоки стандарди на безбедност. Кога овие стандарди не се почитуваат, ризикуваме трагични последици”, изјави еден транспортен експерт.

———————————————————————————————————————————-

Случајот со нелегалните возови во Охрид ги отсликува пошироките проблеми во македонскиот правен систем – селективната примена на законите и отсуството на одговорност од страна на институциите.

Клучното прашање останува: дали ќе чекаме да се случи трагедија за да дејствуваат институциите и ќе бркаат повторно вештерки, или ќе се преземат превентивни мерки за заштита на безбедноста на децата?

Нашата редакција ќе го следи развојот на оваа приказна и ќе известува за сите нови случувања.


За повеќе информации во врска со оваа приказна, контактирајте ја нашата редакција или пишете на kotvaoh@yahoo.com

Сашо Денесовски

Share This Article