Синтија Никсон ја толкува улогата на Миранда во познатиот филм „Сексот и градот“. Сосема спротивно од Миранда, Синтија среќата ја најде покрај жена. Јавноста не беше запознаена со нејзината избраничка, но овој пат актерката одлучила јавно да ја сподели фотографија со неа.
Синтија на својот Инстаграм профил објавила фотографија со жената во која е заљубена и со која е во брак веќе 10 години.
Имено, причината за објавување на оваа емотивна фотографија била нивната годишнина од бракот. Синтија за својата венчавка избра зелено-жолт фустан, додека нејзината избраничка Кристин Мариони избрала елегантен црн костум и вратоврска во тонови на фустанот на актерката.
Синтија и Кристин го посвоија синот Макс во 2011 година, а Кристин е активистка за правата на ЛГБТ заедницата, во која е доста успешна.
Инаку, во култната серија „Сексот и градот“ Миранда е најдобра пријателка на Кери Бредшо која ја отелотворува Сара Џесика Паркер.
ФОТО: Инстаграм