Светската здравствена организација (СЗО) не верува дека епидемијата на мајмунски сипаници надвор од Африка ќе се претвори во пандемија, изјави во понеделникот официјалниот претставник, додавајќи дека сè уште не е јасно дали асимптоматските заразени луѓе можат да ја шират болеста.Повеќе од 300 потврдени или сомнителни случаи на мајмунска сипаница беа откриени во мај. Тоа е обично поблага болест која се шири со близок контакт и предизвикува симптоми слични на треска и карактеристичен осип.
Повеќето случаи се пријавени во Европа наместо во Централна и Западна Африка каде што вирусот е ендемичен.
Засега нема потврдени смртни случаи.