За многу луѓе, кафето е секојдневен ритуал – поради неговиот вкус, енергија или навика. Освен што е богато со антиоксиданси, помага при концентрација и може да го подобри расположението.
Сепак, во зависност од тоа кога и во која количина се пие, кафето може да влијае и на квалитетот на спиењето, нивото на стрес и хормоналната рамнотежа. Според доктор д-р Ендру Гринленд, реакцијата на телото на кафето е многу индивидуална и зависи од нивото на стрес, квалитетот на спиењето и полот.
Утринско кафе веднаш по будењето? Можеби сепак не е добра идеја
Иако многу луѓе имаат навика да пијат кафе веднаш по будењето, д-р Гринленд верува дека ова не е најдобрата идеја за телото.
„Пиењето кафе веднаш по будењето, во првите еден до два часа, може да го наруши природниот ритам на кортизол – хормонот на стрес“, објасни д-р Гринленд и додаде: „Ова може да резултира со чувство на замор подоцна во текот на денот или прекумерна раздразливост навечер, па затоа таков ритам треба да се избегнува“, објавува британскиот Експрес.
Тој препорачува пиење кафе помеѓу 10 и 11 часот наутро, кога природните нивоа на кортизол се намалуваат и телото е поподготвено да реагира на кофеинот без негативно да влијае на сонот.
„Ова помага во одржувањето на нивоата на енергија без негативно да влијае на сонот. Луѓето кои чекаат 90 до 120 минути по будењето пред да го испијат првото кафе имаат постабилна енергија и подобра хормонална рамнотежа во текот на денот“, објаснува тој.
Тој предлага да се избегнува пиење кафе на празен стомак, бидејќи тоа дополнително го активира кортизолот. „Ако веќе сте под стрес или имате хормонски нарушувања, пиењето кафе без оброк може да ја влоши состојбата. Ве советувам да изедете нешто пред да го испиете првото утринско кафе“, истакнува докторот, пренесува Експрес.