Популарната српска актерка Лидија Вукичевиќ својот летен одмор го започна во убавиот Охрид, а на социјалната мрежа Инстаграм објави фотографии на коишто се гледа како во бело бикини ужива на охридските плажи.
„Кога ќе ми кажат дека треба да поминам уште 2.000 километри и да одиграм 10 претстави… и ова ми се допаѓа“, напиша таа.
Таа подоцна објави и фотографија на којашто се гледа како ужива во елитно казино во Струмица.
„Шест дена играм за други, а седмиот ден за себе. Коцката е фрлена“, напиша актерката.
Во продолжение, уживајте во фотографиите: