Нобеловецот Кругман им објасни на властите во што е тајната на успехот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Локацијата ви е добра, политичкиот систем ви е добар. Патиштата треба да ги поправите, но ако го направите тоа вашите можности се големи. Фабрики од Холандија, Белгија ако сакате да го преселат производството овде, најважна е инфраструктура за транспорт – порача нобеловецoт по економија Пол Кругман, за време на неговото излагање на Скопскиот економски финансиски форум, каде што беше почесен гостин.

Тој не очекува дека глобалната економија ќе падне во рецесија, но ќе има ниски стапки на економски раст. Високите стапки на инфлација, пак, смета дека ќе се задржат година до две, со значително намалување во следниот период.

Нобеловецот нагласи дека времето на евтини пари е зад нас. Тој посочи дека централните банки полека почнуваат да ги подигнуваат каматите и покрај тоа што нивните можности за интервенции во борба со инфлацијата стануваат прилично ограничени.

Share This Article