По интензивни и тешки преговори, дипломатите на европските земји попладнево се договориле дека имаат за цел да постигнат „политички договор за ембарго врз руската нафта“. Ова може да се смета за мал напредок по цел месец заглавени разговори. Се очекува договорот да содржи „привремени исклучоци“ за „некои земји членки“, иако дипломатите засега не ги именуваат.
Исклучоците имаат за цел да не создадат хаос во снабдувањето, велат диплматите. Се додава и дека „Советот ќе се наврати на овие исклучоци што побрзо“.
– Ова е огромен успех за ЕУ – велат дипломатите во Советот. – Таму се инсистира дека единството на ЕУ останува целосно и дека притисокот врз Русија ќе продолжи.
Ембаргото ќе треба да покрие две третини од увозот на нафта од Русија, оној кој се превезува преку море, но не и преку нафтоводите.
По интензивните преговори утринава, во 16 часот во главниот град на Белгија треба да пристигнат и шефовите на државите.
Едномесечниот застој во носење на ембаргото започна кога Унгарија се спротивстави на мерките бидејќи нема излез на море и е силно зависна од нафтоводот „Дружба“. Земјата смета дека треба да добие подолг рок и пари од ЕУ за да стане енергетски независна. На Унгарија брзо ѝ се придружија и Чешка и Словачка.
фото: pixabay.com