More

    Десетина лица побарале лекарска помош поради задушување и тешкотии од вдишан чад

    spot_img

    Десетина лица побарале лекарска помош поради задушување и тешкотии од вдишан чад, а двајца се примени на хируршкото одделение во Тетово поради изгореници од големиот пожар што избувна денеска во поранешниот Тутунски комбинат во Тетово.

    Учениците се ослободени од настава денеска и утре поради густиот црн чад што се издигна после пожарот. Од општината апелираат да не се излегува надвор непотребно, да не се отвораат прозорци, а ако граѓаните имаат потреба да ги напуштат своите домови, да носат заштитна маска на лицето.

    „Општина Тетово во соработка со Секторот за образование одлучи денеска и утре да го прекине образовниот процес поради настанатата состојба по пожарот што денеска избувна во магацин во градот. Исто така, воспитувачките во градинките се обврзани да се грижат за децата, чии родители поради работни обврски не можат да ги земат предвреме од градинка. Поради безбедносни причини од влошување на квалитетот на воздухот во Тетово, за да се заштити здравјето на децата и учениците, ја донесовме оваа одлука. Апелираме и до граѓаните да не излегуваат непотребно од своите домови додека не се подобри состојбата со квалитетот на воздухот. Граѓаните и студентите кои ќе излегуваат надвор за лични потреби, треба задолжително да носат заштитни маски“, се вели во соопштението од општина Тетово.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img